Спасовски предлага да се разреши директорот на БЈБ поради скандалот со Ренџ Роверот

Министерот Оливер Спасовски најави дека ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на БЈБ Лазо Велковски.

Ова доаѓа по скандалот со службениот џип на МВР кој беше забележан на плажа во Грција на 2 август.

Во своето образложение Велковски се правдал дека ја пратил ќерка му со обезбедување и службен џип на одмор во Грција поради наводни закани по живот.

Го пренесуваме целосното соопштение на МВР во продолжение:

Во врска со случајот со користењето на службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ кое на ден 2 август 2018 година, управувано од полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти патувало на територија на Република Грција, а по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност.

Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. Во овој случај целосно не било спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување.

Заради ова, министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски.

- Реклама -