Ручек или мезе со пивце, оставаме на вас. Важното е што со малку состојки, а и малку труд, добивате фантастичен деликатес. Еве како да го направите.
Потребно ви е:
• 3 тиквички
• кашкавал
• 3 јајца
• 9 лажици кисела павлака
• сол и вегета
Подготовка:
• Се сечат тиквичките откако ќе се излупат на кругови, и се става вегета на нив.
• Се зема огноотпорен сад и се премачкува со малку масло, најдобро маслиново, па се става ред тиквички, па малку рендан кашкавал, па тиквички, па пак кашкавал.
• Се матат јајцата со киселата павлака и сол и вегета, па се става оваа смеса горе.
• Се пече 12 минути на 200 степени.
виа Готви.мк