Во Охридското Езеро денеска околу 14 часот се удавило момче, во населбата Далјан.
Идентитетот на момчето уште не е познат, а портпаролот на СВР Охрид најавил дека повеќе детали за несреќата ќе има во текот на утрешниот ден.
Момчето било на педалинка и скокнало од неа во водата, но откако по кратко време не се појавило на површината, била алармирана езерската полиција, по што започнала потрага.
Телото било пронајдено за четири минути по почетокот на потрагата.