Комеморација во чест на Драгојевиќ: Сите во солзи, од Џибони до Колинда Грабар

Хрватската музичка унија и Владата на Република Хрватска, во соработка со Министерството за култура, организираше комеморација за Оливер Драгојевиќ, во Народниот театар.

Таму беа присутни неговото семејство, но и голем дел естрадни колеги и пријатели, како и претставници од државниот врв.

Говор одржа Џибони, кој беше еден од најблиските пријатели и соработници, а присутни беа и Дорис Драговиќ, Северина, Нина Бадриќ, Петар Грашо, Горан Каран, Тончи Хуљиќ, Данијела Мартиновиќ и многу други музички ѕвезди.

Веднаш со сопругата на Оливер, Весна, седела хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Со аплауз од неколку минути, присутните оддадоа почит на починатиот пејач, а пејачката Зорица Конџа почнала да ја пее „Вјеруј у љубав“, по што ѝ се придружиле и останатите.

- Реклама -