Денеска во Собранието на Република Македонија беше донесена одлуката за распишување на референдум за спроведување на Договорот со Грција.
68 пратеници гласаа „за“, со што овој референдум е закажан за 30 септември оваа година, на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција.
Претходно, по паузата, ВМРО-ДПМНЕ поднесоа два амандмана за точката на дневен ред, а потоа и ја напуштија собраниската седница, со што одлуката беше изгласана во нивно отсуство.