86-годишен пензионер бил измамен од непознато лице на Клиниката за радиологија, кога му биле побарани 300 евра за да биде побрзо снимен.
Додека чекал во чекалната, на пензионерот му пришло непознато лице кое му ветило дека ќе му заврши работа за побрзо да ја направи снимката, но треба да му даде 4000 денари. Човекот и пензионерот отишле до банкомат, при што измамникот извадил пари и му ја вратил картичката на оштетениот.
Откако се вратиле на Радиологија, непознатиот изчезнал и не се вратил, а оштетениот пензионер забележал дека биле подигнати 18000 денари од неговата картичка, по што случајот го пријавил во полиција.