Мицкоски ја напушти лидерската средба, Заев закажа нова за утре во 12 часот

На прес-конференција по лидерската средба, премиерот Заев изјави дека напуштањето на лидерот на опозицијата е недолично и неодговорно.

Поради тоа, Заев најавува нова лидерска средба во потесен состав, уште утре во 12 часот, одговарајќи на барањето на Мицкоски.

– Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина – рече Заев на прес-конференцијата.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството
- Реклама -