Трамп и сé е можно: Тоа што го реков за вмешаноста на Русија? Го мислев спротивното

Фото: CNN

По средбата со Владимир Путин на самиотот во Хелсинки, американскиот претседател Доналд Трамп на домашен терен плива во море од критики (главно дека е предавник).

Под притисок на новинарите во Белата куќа, Трамп изјави нешто што може само претседател како Трамп може да го изјави; дека кога пред Путин рекол дека не гледа причина зошто Русија би се мешала во претседателските избори во 2016 година, всушност погрешно се изразил.

Тоа што го мислел и мислел да го рече, изјави Трамп пред новинарите, било баш спротивното: Дека не гледа причина зошто Русија НЕ БИ БИЛА одговорна/вмешана во изборите…

Трамп додаде е дека има целосна доверба во разузнавачките агенции на САД и дека ги поддржува и нагласи дека го прифаќа нивниот заклучок дека Русија се мешала во изборите. Овој дел од изјавата исто така ги бранува американските страсти; Дел од најгласните критики баш и се однесуваа на тоа дека Трамп е првиот американски претседател што пред руски претседател не застанал во одбрана на своите разузнавачки агенции.

Прочитајте и:  Зеленски: Украина можеби ќе треба да почека и да го надживее Путин за да си ја врати територијата

Како и да е, Трамп е убеден дека руското мешање немало влијание на исходот на изборите, т.е. дека и без мешањето тој би бил претседател.

виа Либертас

- Реклама -