МВР уште истражува кој го претепа 14-месечното бебе

Илустративна фотографија

Бебето кое моментално лежи на КАРИЛ со сериозни повреди на главата и нетретирани скршеници на нозете, имало свој матичен педијатар, но последен пат било однесено на лекар пред три месеци, поради заболување на дишните патишта.

Според здравствениот картон, никогаш не било носено на лекар за скршениците. Девојчето не било ниту вакцинирано, покажала внатрешната истрага на здравствените инспектори.

Девојчето е надвор од животна опасност. Десната нога е имобилизирана со лонгета, а видот е целосно изгубен на едното око. Со оглед на повредите, лекарите стравуваат дека девојчето може понатаму во животот да има проблеми и со слухот, говорот и одењето.

Од МВР уште истражуваат кој го тепал бебето. Мајката и понатаму не дава никаква информација за напаѓачот. За бебето моментално се грижи социјален работник.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -