Ѕвездата на „Чувари на плажата“ изјави дека Американците се програмирани да ја обвинуваат Русија за сè што им оди погрешно. Таа за „Дејли Бист“ зборувала за своите конекции со Асанж и Путин, одрекувајќи каква било романтична инволвираност со нив.
Андерсон, врз основа на своето лобирање за правата на животните со Кремлин, донела заклучок дека Русите може да бидат многу емотивни и посветени во намерата да ги направат вистинските нешта.
„За жал, луѓето мислат дека Русите се страшни и тоа е вознемирувачки. Америка може да биде многу вознемирувачка со своите антируски размислувања“, кажала таа.
Актерката е позната и како неофицијален гласноговорник на Асанж и неодамна му помогна на Канје Вест да го посети во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде основачот на Викиликс се наоѓа веќе шест години. Таа се надева дека Трамп еден ден ќе му прости сè на Асанж, но дека е важна и јавната поддршка.