Сочно и без влакна на јазик: Јовица Михајловски за патните трошоци на пратениците (видео)

Откако Макфакс објави дека за само шест месеци одредени пратеници повторно направиле патни трошоци од над 10 илјади евра, со своја реакција и во свој стил (види наслов) се огласи и актерот Јовица Михајловски.

Во листата на топ 20 пратеници според патните трошоци во овој период, рекордер е пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиеска Наумовска, која за шест месеци, од декември 2017-та до мај годинава добила 11.770 евра. Мира Стојчевска од СДСМ, која високо котираше и претходно, овој пат зела 10.396 евра, додека Алија Камбероски од партијата ПЕИ повторно е меѓу пратениците кои имаат повисоки суми за патни трошоци, со 10.355 евра.

За само половина година, пратеничката на СДСМ, Анета Симеска – Димоска добила 8359 евра, нејзините колеги од партијата, Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, по над 7 илјади евра, Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците 7962 евра и Агим Шаќири од ДУИ зел 7600 евра.

Повеќе за тоа на Макфакс, а ние ве оставаме со коментарот на Михајловски:

- Реклама -