Иако доби голема поддршка, репрезентацијата на Хрватска не успеа да го освои пехарот на Светското првенство кое се одржа во Русија.
Со овој натпревар, се затвора годинашниот Мундијал. Првото полувреме започна со водство на Франција поради автогол на Хрватска, по што Хрватите израмнија 10 минути подоцна. Полувремето заврши со резултат 2:1 за Франција.
Второто полувреме започна во ист стил како и првото, но овојпат Французите беа решени да ја завршат работата до крај. Така, најпрво Пол Погба а потоа и младата сензација Килијан Мбапе во 6 минути погодија по еднаш и ѝ донесоа водство од 4:1 на француската репрезентација.
Потоа Манџукиќ даде уште еден гол, но резултатот остана 4:2 до самиот крај, резултат кој на Франција ѝ го донесе ценетиот трофеј.