Во период кога иселениците доаѓаат во посета на Македонија, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари апелира до полицијата да биде погостољубива и поширокограда.
– Иселениците престојуваат само неколкудена во родниот крај, и во тие денови, трошат и инвестираат толку многу пари што ја држат во живот економијата на државава. Ако мал дел од нив, во главно помладите, не се доволно дисциплиниран во сообраќајот, и заедно со други млади од нашиот град се однесуваат на начин кој потешко можат да го прифатат постарите генерации, сепак треба да биде малку поширокогради и потолерантни, сé додека нивното однесување не остава последици, или не претставува некоја посериозна повреда на законот и нормативите – вели Таравари во апелот.