Најугледниот шпански спортски весник „Марка“ не можеше да не го испофали реаловиот мотор Лука Модриќ, капитенот на хрватската репрезентација, откако со „коцкестите“ обезбеди финале на 21-то Светско првенство во Русија.
„Марка“ не се штедеше со фалби за Модриќ, па со насловот посочи дека хрватскиот фудбалер заслужи сè што постои – од финале, титула, „златна топка“… Модриќ е незаменлив во Реал Мадрид, човек без кого е незамислив секој успех на „кралевите“ во последните пет години.
„Ова е Мундијал на Модриќ! Играч како него заслужува многу повеќе од поединечни награди. Тимски играч како него заслужува многу повеќе. Фудбалер кој соиграчите ги прави многу подобри заслужува праведна награда. Се знае која е таа награда. Задар треба да добие светски првак и освојувач на ‘златната топка’“, пишува угледниот шпански весник.