Во поплавите што го зафатија западниот дел од Јапонија досега животот го изгубиле 176 луѓе, но оваа бројка не е конечна, бидејќи многумина се водат за исчезнати.
Во околината на Хирошима загинале околу 70 лица. Тој реон беше најпогоден од поплавите и свлечиштата.
Премиерот на Јапонија Шинзо Абе ги откажа планираните патувања во Европа и на Блискиот исток, и ги посети центрите за евакуација.