Со победата над Белгија, репрезентацијата на Франција си го обезбеди своето место во полуфиналето на Светското првенство.
На почетокот на второто полувреме Самуел Умтити и донесе победа на Франција со голот постигнат во 51-та минута.
Белгија се обидуваше, но не успеа до крајот на мечот да постигне израмнувачки гол.
Репрезентацијата на Франција е подготвена да го понесе трофејот во својата земја, без разлика кој ќе биде победник во утрешниот дуел меѓу Хрватска и Англија.