Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои од полноќ се зголемуваат.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и 98 се зголемуваат за 1,00 ден за литар, па така ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 72,00 ден, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 – 74,00 ден.
Цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари, па така Дизелот ќе чини 64 денари, а екстра лесното масло за домаќинство 52,50 денари за литар.