Спасено е и шестото од вкупно 12-те момчиња кои заедно со нивниот тренер останаа заробени во тајландската пештера, потврдува за The Guardian извор од спасувачкиот тим.
Паралелно, петтото момче веќе е пристигнато во болницата во Чианг Раи, каде што ќе им се приклучи на своите четири другарчиња кои беа спасени вчера.
Во меѓувреме излезе и видео снимка направена од нуркачите додека изнесуваат едно од момчињата низ тесните и опасни пештерски ходници.
Спасувачката мисија продолжува без пауза, особено што во регионот повторно се собираат облаци и се закануваат дождови. Остануваат уште 6 деца и тренерот, за кого сите потајно се надеваат дека последен ќе ја напушти пештерата (тоа ќе значи дека сите деца се спасени).
виа МКД.мк