Во Албанија 516 земјотреси за два дена

Во последните два дена во Албанија биле регистрирани дури 516 земјотреси, од кои еден бил поголем, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Според сеизмолошките служби на Албанија, потресите е нормално да траат со денови, некогаш и недели, што е очекувано по поголеми потреси.

Неколку од овие земјотреси биле почувствувани во западниот дел од Македонија, особено во градот Дебар.

Е.Д.

- Реклама -