Се нашол јунак да измери: Колку минути Нејмар лежел на тревата на Светското?

Бразилскиот фудбалски актер Нејмар добар дел од времето на Мундијалот го помина лежејќи на тревата, главно глумејќи дека е смртно ранет.

После сиот тој сеир што го изеде по социјалните мрежи и спортските рубрики, фатиле и да му мерат колку точно време потрошил на (главно) симулирање повреди.

14 минути, ете толку. Или скоро 1/6 фудбалски натпревар. Во таа бројка, најголем допринос Бразилецот имаше по стартот на Мигел Лајун од Мексико, по кој Нејмар полежа на тревата цели пет и пол минути.

Во продолжение на Мундијалот „бројачот“ сигурно ќе има уште работа, макар и походот на Бразил да заринка против Белгија.

Сепак, во одбрана на Нејмар, најскапиот во светот, тој е и најфаулираниот фудбалер на првенството. Над него се направени 23 фаули.

- Реклама -