Пратениците ќе патуваат со скратени патни трошоци

Собраниската комисија за политички системи денеска го усвои предлог-законот за намалување на надоместокот за патни трошоци, наменет за пратениците.

Овој предлог-закон беше усвоен едногласно, од сите присутни пратеници и од власта и од опозицијата.

Со ова, наместо досегашниот надоместок од 30% по литар гориво според изминат километар, пратениците ќе земаат по 20% од продажната цена. За оние кои живеат подалеку од 100 километри од Собранието, отворена е можноста за изнајмување стан под кирија во Скопје.

Патните трошоци веќе подолг период предизвикуваат бурни реакции во јавноста.

Е.Д.

- Реклама -