Вработените во затворот кои го фотографираа Чавков добија условна казна

По истрагата која беше спроведена во врска со незаконското фотографирање притворено лице, одредена е условна казна во траење од две години за службеникот кој го фотографирал Митко Чавков во зашитениот двор во склоп на КПУ Затвор „Скопје“.

Службеникот искористил поволен момент и од стражарската кула го фотографирал поранешниот функционер на МВР, тогаш притворен поради настаните од 27 април, а потоа фотографијата ја препратил на свои колеги, меѓу кои и второобвинетиот во овој случај, кои пак ја проследиле до други лица, колеги полицајци. Фотографијата за кратко време заврши на социјалните мрежи, од каде ја презедоа повеќе медиуми.

Е.Д.

- Реклама -