Следната недела Македонија добива покана за членство во НАТО

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, најавува дека следната недела Македонија ќе добие покана за членство во НАТО, а по неколку месеци ќе започне пристапниот процес.

На Самитот на НАТО на 11 и 12 јули, што ќе се одржи во Брисел, според Шекеринска, Македонија ќе ја добие поканата за членство во најмоќната алијанса во светот.

– Успеавме да го завршиме во рок од една година овој амбициозен документ којшто е клучен и со којшто се дефинира одбраната и нејзиниот развој, се дефинира агендата во сферата на одбраната, рече Шекеринска и додаде дека Македонија ќе добие одбрана согласно стандардите на НАТО која ќе дава придонес за безбедноста на државата, но и целиот регион – вели министерката за новоусвоениот Стратешко одбранбен преглед на Македонија.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Е.Д.

- Реклама -