Туристи во Италија кои купуваат од улични продавачи ќе бидат казнувани

Секогаш кога купуваат нешто од уличен продавач, туристите во Италија ризикуваат да бидат казнети со казни во висина и до 7000 евра.

Министерот за внатрешни работи на Италија предупредил дека казните и кон продавачите, но и кон потрошувачите ќе бидат доста строги, па така еден купувач може да добие казна и до 7000 евра, додека продавачот од 2500 до 15500 евра.

Според властите во Италија, на овој начин се поддржува сивата економија во државата, а во групата на услуги поради кои туристите може да бидат казнети се и масажите на плажа или привремените тетоважи.

Е.Д.

Прочитајте и:  Помпеја ќе го ограничи дневниот број на туристи на 20.000
- Реклама -