Се моли „спортската“ на Оффнет да каже кој ќе освои СП

Мала зафрканција во однос на најважната споредна работа во светот, а во моментов ако не и најважна …

Дечките од спортска офф.нет имаа статија на 23.06 (пред четири дена) дека Мексико е осминафиналист, иако на Мексиканците им претстоеше тежок натпревар против Шведска, кој пред помалку од пол саат заврши со 0:3 во полза на Швеѓанецот.

Ден претходно (на 22.06) па, му пресудија на Исланд и го исфрлија од Светско 4 дена пред вистински да испаднат. Како и да е Хрватите ги докусурија…

 

Сега, дали е јаФка од надвор, интуиција, или избрзана статија …

Така што, дечки, ако е првово, па и второто, дајте бар кој е нареден четврт-финалист (само еден, не мора сите)

 

🙂

- Реклама -