Постигнат договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија

Постигнат договор меѓу Македонија и Германија за признавање на возачките дозволи. Договорот меѓу страните ги вклучува сите видови, односно категории на дозволи.

Договорот ќе стапи во сила по меѓусебното потпишување, изјави Агим Нухиу – заменик-министер за внатрешни работи.

„По усвојувањето од страна на Владата на Македонија треба да се определи датум за потпишување на овој договор“, рече Нухиу.

Со овој договор се укинува повторувањето на теорискиот дел при добивањето дозвола во друга држава. Предуслов за добивање на германска дозвола е државјанинот на Македонија да престојува во Германија барем 180 денови.

Договор за признавање на возачките дозволи:
„Лицето кое поседува возачка дозвола издадена од федералните органи на Германија во секое време по пристигнувањето на територијата на Македонија ќе може да ја смени дозволата без да има потреба за повторување на теоретскиот или практичниот дел на испитот за возачка дозвола. Речиси иста постапка е и со германската страна. Сепак, потребно е да се има престојувалиште во Германија најмалку 180 дена.“

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп

Македонските возачки дозволи актуелно се признаени во седум држави, а во подготовка е и таков договор со Косово.

Адријан Керими, Алсат

- Реклама -