Отстранување на цензусот за фер изјаснување на граѓаните

Единствен начин да се обезбеди фер изјаснување на граѓаните на референдум е да се тргне цензусот за излезност, смета комуникологот Петар Арсовски. Тој вели дека законската обврска на гласање да излезат повеќе од половината запишани избирачи овозможува со бојкот да се изигра волјата на мнозинството.

„Тој произведува правно дејство и тој и на двете страни треба да имаат подеднаква шанса да го спроведат свето мислење. Задолжителниот референдум дозволува еднаквост меѓу недостиг на цензус и мнозинство против. Ги едначи тие. И така тие кои се противници на договорот имаат двојно повеќе шанси да успеат на референдум отколку оние што се поддржувачи на договорот, а можеби се мнозинство“, изјави Петар Арсовски – комуниколог.

Комуникологот Сефер Тахири, пак, вели дека следејќи ги последните јавни настапи на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се создава впечаток дека партијата нема јасен став дали ќе учествува на референдумот гласајќи против или пак ќе го бојктотира. Тој смета дека со мобилизација на прогресивните сили, достижен е цензусот за излезност.

„Владата до сега требаше да се изјасни дека референдумот ќе биде обврзувачки со тоа што и повеќе ќе ги мотивираше поддржувачите да се мобилизираат и излезат на референдум. Сметам дека 50 насто плус 1 што треба да претстави мнозинство не дека не може да се постигне и во оваа политичка консталација во која се наоѓа земјата бидејќи мислам дека и во изјавата на опозицискиот лидер има двоумења“, смета Сефер Тахири – комуниколог.

Прочитајте и:  Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

Марко Трошановски од Институтот за демократија смета дека бојкот би се дестимулирал со негативно поставено прашање на референдумот.

„За тоа да се промени треба да се направи попис за што нема време, втората опција е да се намали евентуално цензусот што е исто така проблематично бидејќи е противуставна постапка и другите опции е да има што поголема излезност на изборите или да имаме негативно референдумско прашање“, вели Марко Трошановски – Институт за демократија „Социетас цивилис“.

Според аналитичарите, евентуалното паралелно организирање предвремени парламентарни избори со референдумот, не е никаква гаранција дека процентот на излезност може да се зголеми.

ALSATM

- Реклама -