Албанија е седма по бројот на државјани што побарале азил во земјите од ЕУ

Во период од само 4 години, од 2013 до 2017-та, дури 157.000 државјани на Албанија побарале азил во некоја од земјите членки на Европската унија.

Најголем број баратели на азил од Албанија се евидентирани во 2015 година и тоа 69.000, за веќе следната година тој број да се намали на 33.000.

– Со 26.060 барања за азил во 2017 година, Албанија се наоѓа на седмото место според бројот на баратели на азил во земјите на Европската унија, и тоа во конкуренција со држави чии граѓани бегаат од војна – Сирија, Ирак, Авганистан, Пакистан и Еритреја.

Албанија е една од земјите со највисока стапка на апликации во програмата на Лотаријата на САД за иселенички визи. Во последните три години за американска зелена карта аплицирале околу милион албански граѓани.

Прочитајте и:  Европскиот парламент со резолуција бара од ЕУ да и дозволи на Украина да користи западно оружје за гаѓање воени цели во Русија

Повеќе детали на Плусинфо

- Реклама -