Деновиве северниот ни сосед си има мака со повеќе протести и блокади на патиштата. Во близина на Пожега, на пример, камионџии го блокираа автопатот поради високите цени на горивата. Во друг пример, малинарите блокираа патишта поради ниската откупна цена.
И во двата наведени случаи, за да не им биде здодевно додека чекаат министрите да ги полази мува, лутите демонстранти дел од времето го поминаа играјќи оро. Додуша од страна делуваа толку синхронизирани, човек да помисли дека се работи за настап на некое културно уметничко друштво, а не за протести.
виа АКО