Цртање со велосипед

Стивен Лунд е еден од многуте „Страва уметници“ кои апликацијата „Страва“ ја користат на креативни начини.

Тој ја одбележува рутата на GPS и ја исцртува линијата на движење со својот велосипед. Кога рутата ќе ја аплоудува на апликацијата таа покажува цртеж или некаква порака. Стивен тоа го нарекува GPS чкртаници.

Со својот велосипед има поминато илјадници километри за да ги создаде своите цртежи. Потфатот го започнал пред една година на улиците на Викторија, Британска Колумбија. „Откако започнав да го правам ова мојот велосипед веќе не е велосипед туку црвена четка, а градовите се моето платно за цртање“.

За една година поминал 22 300 километри. „Тоа се 56 проценти од круг околу земјата по екваторот или 0,6 проценти од растојанието од земјата до месечината“, вели Стивен.

Во продолжение можете да видите дел од GPS чкртаниците на Стивен.

- Реклама -