Бугарија лесно им издава пасоши на македонските државјани, но сега бара истите да плаќаат данок

Од вкупно 17.739 лица кои побарале бугарско джавјанство периодот од мај 2017 до мај 2018 година, дури 10 000 се Македонци.

Оваа бројка од собраниската говорница ја објави министерката за правда Цецка Цачева, одговарајки на критиките на опозицијата која бара нови правила во пасошката политика. Социјалистите бараат гаранции лицата кои ќе добијат бугарски пасош да ги плакаат даноците и останатите давачки со што ќе покажат дека се лојални герагани на новата татковина.

Освен од Македонија, голем дел од барателите на бугарските пасоши се од Украина, Албанија , Србија и Молдавија.

Министерката за правда Цачев соопшто дека за една година биле одобрени 9.848 апликации, а одбиени се 895.

- Реклама -