Рекордни температури на Скандинавија, во Норвешка поранија со капење во фјордовите

Температурите на далечниот европски север рушат рекорди, а Норвежаните веќе ќе ги најдете како се капат во фјордовите, иако за официјалниот почеток на летото во нормални услови ќе требаше да почекаат најмалку до 21 јуни.

На плажа во областа Етна, на пример, вчера температурата достигнала 32.7 Целзиусови степени, што е норвешки рекорд за месец мај.

Во Данска исто така рекорди – метеоролозите истакнуваат дека сосе денес досега имало вкупно 360 сончеви часови во мај. До вчера имало 348, а претходниот рекорд бил 347 часа со сонце.

Во Шведска, пак, забрането е палење на оган во многу од шумските општини, исто така поради високите температури и сувата трева и шуми.

Прочитајте и:  Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1.5 степени

via Таратур

- Реклама -