Џабе референдумот: Британската влада сака ќутенката да си остане во ЕУ

Британските евроскептици се сомневаат дека официјален Лондон планира „тајно“ да остане во ЕУ, пишува The Telegraph. За таквите сомнежи е заслужна одлуката на Владата на изборната комисија да ѝ издвои 829.000 фунти (повеќе од 1.1 милион долари) за изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во 2019-та.

Интересното е што тие избори треба да се одржат меѓу 23 и 26 јуни, а Велика Британија треба да ја напушти ЕУ безмалку два месеца порано, на 29 март. Како што пишува весникот, финансирањето на изборната кампања за Европскиот парламент покажува дека Велика Британија се подготвува да не излезе од ЕУ (и покрај тоа што граѓаните на Британија за тоа се одлучија на референдум).

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Од изборната комисија се правдаат дека тие средства се издвоени „за секој случај“, за да може да ги исполни своите функции во случај тие избори сепак да се одржат во земјата – нешто што е малку веројатно. Исто така, парите ќе се трошеле за вршење на уставните функции, како „консултација и давање препораки за политички партии и кандидати, и давање совети и препораки за службеници околу квалитетот на анкетирање“…

- Реклама -