Падна првата пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката на луксузниот владин мерцедес. Ѓоко Поповски од МВР доби 6 години и 6 месеци затворска казна. Пресудата ја соопшти попладнево судијката Добрила Кацарска во кривичниот суд во Скопје.
Ова е прва пресуда од предметите на СЈО од 5 активни обвиненија против поранешниот премиер. Нему му се суди и за предметите „Насилство“, „Титаник“, „Траекторија“ и ТНТ.
Во судницата беа присутни четворицата адвокати на Груевски, кој не се појави на изрекувањето на пресудата. Со лисици на рацете беше донесен и Ѓоко Поповски, кој заедно со Груевски е обвинет во случајот „Тенк“, а кому вчера му беше изречена затворска казна од 9 години за случајот „Триста“, што се однесува на незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР.
Целиот текст на Макфакс