Кога станува збор за лепење казни први се, чат пат знаат и да завршат работа кога ќе се пожали некој жител дека некое возило е непрописно паркирано, па да пуштат пајак.
Ама не и во случајов …
Имено другарчево од маало ни се пожали дека 3 пати се јавил во Паркинзи Општина Центар (попопуларни под името ПОЦ), со цел да пријави непрописно паркирано возило, со образложение дека на два пати истиов ден ќе направел соообраќајка трудејќи се да излезе од улицата спроти СИЗ и да се приклучи на Орце Николов, ама овие мува не ги лази.
Станува збор за бел Ренџ Ровер на бугарски таблици …
(ФОТО – фотографијата е дело на незадоволниот граѓанин)
(ФОТО2 – незадоволниот граѓанин)
Алоо бе не си играјте играчки … имате веќе неколку жолти картони на истава улица …
Единствениот суперхерој во маало ни го нервирате
Вие си знаете!