Пишува: Ангелика Апсис
Преземено од Окно.мк
Скопје ги имаше најубавите и најдирљивите панкери. Ако ти се откачи ланец од точак први притрчуваа да ти помогнат, ако некој те малтретира само ќе поминеа помеѓу и исчезнуваше соговорникот.
Не се наметнуваа, ја имаа својата Коцка и сите бевме ок со тоа. Не кршеа клупи, ги галеа кучињата, не зборуваа многу, беа толку дирљиви…
Жила планинареше, Панки (Владимир Груев) беше најубавиот, седеа по тротоари – нивните стоседи (што би рекол Јовица Ивановски).
Панки, Жила, Маја, Ружни, Петел, Сашка, Божо, Борис (Борис Петровски), Слаткар, Ели, Перса (Перса е машко) и многу други оставија белег на овој град.
Беа бунтовници но и другари.
Никој во Скопје не го сакаше насилството…
слики: Фејсбук