Никола Нешкоски вчера на неговиот Фејсбук профил објави дека пронашол заборавен лаптоп пред „Олимпико“ во Скопје. Лаптопот паднал од покривот на автомобилот откако неговиот сопственик во брзање заминал од местото. Решен да го врати лаптопот, Нешкоски замолил луѓето да го споделуваат неговиот пост на социјалните мрежи за да го најдат сопственикот.
Како сопственици му се јавиле дури 12 луѓе. Седуммина се пријавиле на Фејсбук, а другите петмина дури биле доволно храбри и да му се јават на телефон. За среќа тој не наседнал, па приказната заврши со хепиенд, а лаптопот сега е вратен кај вистинскиот сопственик.
„Само да ви кажам дека е најден сопственикот на компјутерот. И да ве поздравам сите вас “сопственици” кои се пријавивте дека е ваш…. Ама морам да признаам дека бевте креативни во смислувањето на приказните… сé беше добро до моментот кога ви побарав документи за компјутерот, или ви спомнав дека на превземање ќе мора да направиме заедничка слика…. Тогаш ве снема“, напиша Нешкоски.