На интернет често гледаме хиперреалистична и фотореалистична уметност, или слики и скулптури кои изгледаат неверојатно убедливо како фотографии. Тоа што дури ни на интернет не го гледаме често, се фотографии што личат на слики насликани во масло, акрилни или водени бои. Следува една мала колекција баш од такви.
^ На фотографијата гледате во комплекс живеалишта во Мексико, сликан од фотографот Оскар Руиз додека работел како пилот на хеликоптер за локална радио станица. Исклучителната рефлексија на попладневното сонце е најзаслужна за неверојатниот „сликовит“ изглед на фотографијава.
Фотографот Michael Brandt го фотографирал овој прекрасен пејзаж на местото Steptoe Butte во долината Палуз (Palouse), која поради бројните ридови и варијации на теренот е вистински магнет за фотографите од целиот свет, особено од април до ран септември.
Фотографија на Андре Ермолаев, а на неа гледате во една од бројните вулканските реки на Исланд. Исланд и онака е рај за фотографи, но за Андре посебно привлечни се токму овие сцени – поглед од горе на реките кои течат низ црниот вулкански песок.
Фотографија на Џејмс и Кели Стоун. Гледате во песочни ридови прошарани со дрва во вулканскиот национален парк Lassen во Калифорнија. Боите се резултат на вулканска активност.
Изгледа како човеков да весла во езеро од бои, но не е баш така. Се работи за опасно загадена река во провинцијата Anhui во Тајван. Зелената супстанца во водата се алги, но тоа другото се практично хемикалии. Сепак, сето ова изгледа прекрасно. Загадувањето веројатно никогаш не изгледало поубаво.
Фотографот Chaluntorn Preeyasombat на фотографијава ѝ дал наслов: „Бура што се расчистува“. Направена е на кинеската планина Хвангшан по утрински снежни врнежи. Маглата ја прави да изгледа како сцена од кинеска слика.
Калифорнискиот фотограф David Orias има серија фотографии од бранови кои неверојатно потсетуваат на слики во масло. Направени се во сезоната на пожари во Калифорнија, благодарение на кои се создава морничаво портокалова светлина, која настанува од сончевите зраци кои се филтрираат и пробиваат низ честиците на чадот.
Denis Collette фотографира рефлексии во реки и езера во близина на неговата колиба на село. „Ја сакам креативноста на водата и сакам да бидам изненаден“. Вели дека рефлексиите се секогаш различни, и иако генерално се од дрва, диви цвеќиња, дива вегетација, небо и облаци, секогаш се уникатни. На рефлексијата влијаат ветрот, светлината, текот на водата, нивото на водата… Далгите на водата прават сцените да изгледаат како слики во масло на Ван Гог или Моне, вели фотографот.
Верувале или не, и ова не е слика, туку фотографија. „Painted Ladies“ е дело на фотографката Барбара Кол, а е резултат на нејзината вљубеност и експериментирањето со полароиден филм.
Последнава фотографија е направена во Намибија, и покажува песочна дина во контраст на раното утринско сонце, додека самото тло е сé уште во сенка. Песокот изгледа сино затоа што ја рефлектира бојата на небото над него, објаснува фотографот Frans Lanting.