Донирајте колку можете да му купиме кауч на еден милијардер во мака

Луѓево по интернет се организирале да соберат пари и да му купат нов кауч на извршниот директор на Tesla – Илон Маск.

Околу 350 луѓе при чиста свест (веројатно) донирале за кампањата на GoFundMe за да му се купи на Маск нов тросед откако тој во интервју за CBS го покажа каучот на кој ги преспива ноќите во фабриката на Tesla.

Компанијата во моментов поминува низ “производствен пекол” поради моделот Model 3, а Маск, како што самиот се пожали, во фабриката поминува 24 часа дневно и речиси секоја вечер спие на каучот во конфенрентна сала. Меѓутоа, каучот е толку тесен, што на Маск некогаш му е поудобно да спие на подот.

По емитувањето на видеото, јуначкото срце на Калифорнијанецот Бен Салинс не издржало, па ја споменатата кампања за собирање на финансиски средства на GoFundMe, насловена “Купи му тросед на Илон Маск”. Досега во кампањата се собрани 5.591 долари од бараните 1.000 долари, а учествувале 439 донатори.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

„Илон Маск го трансформира нашиот свет. Во последно време, додека се обидува да го подобри производството на Model 3, тој спие на ОВОЈ тросед. 

Како заедница, не смееме да дозволиме нештата да останат вакви. Да се здружиме и да му купиме на Илон нов кауч!“, се вели на страната на кампањата.

Доколку милијардерот не ја прифати донацијата, парите ќе одат во добротворни цели.

Маск, од друга страна, е извршен директор на Тесла и SpaceX, а неговата сегашна состојба се проценува на 20.1 милијарда долари. Меѓу другото, тој поседува и имот од 70 милиони долари во престижната област Лос Анџелес – Бел Ер. А да, човеков си го испрати и личниот автомобил во вселената.

Сепак, ова е интернет во 2018-та, па и покрај горниве факти не можеме да тврдиме дали кампањава е иронична, или е скроз сериозна. Собраната сума секако е ова второво.

- Реклама -