Европската комисија предлага нови лични карти

Европската комисија предложи личните карти на државјаните на Европската унија на својот чип да  мораат да ги содржат како досегашните биометриски податоци, така и отисоците од прстите и приказот на лицето, како една од низата мерки кои би требало дополнително да им ги отежнат криминалните активности на терористите.

Комисијата проценува дека околу 80 милиони Европјани имаат лични карти без биометриски податоци.

Утврдувањето на заеднички безбедносни стандарди на ниво на ЕУ би помогнало во сузбивањето на фалсификуваните документи со кои терористите и криминалците често влегуваат во ЕУ од „третите земји“.

Старите документри треба да бидат заменети најдоцна во рок од 5 години, или две години за оние помалку безбедните, како електронски нечитливите.

Комисијата предлага и директива чија цел ќе биде да се отежне финансирањето на терористичките активности. Така, предлага безбедносните агенции да имаат правовремен пристап до финансиските информации нужни за истрага на тешките злочини, меѓу останатото и информациите за банкарските сметки. Комисијата предлага и построги правила околу содржината на експлозиви, увозот и извозот на огнено оружје, со што на терористите дополнително би им се ограничил пристапот до материјалите за нивните акции.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп

Терористите во последните години во бројните напади во Европа обично користат експлозиви од домашно производство. За тоа да се спречи, Комисијата предлага построги правила за продажба и ставање во промет на состојките кои се користат за експлозиви. Тоа значи проширување на постоечката листа на забранети хемикалии, како и други потенцијални делови за експлозиви кои се користат во домашното производство. Со оглед дека тие материјали/материи можат да се набават во традиционалните интернет продавници, новите правила ќе се применуваат и во интернет продажбата. Предлогот вклучува и брза размена на информации околу сомнителни трансакции.

Што се однесува до поседувањето огнено оружје, Комисијата предлага построи контроли кои земјите членки би требало да ги спроведуваат и да обавуваат безбедносни проверки на сите поединци кои ќе побараат дозвола за извоз, посебно по пат на Европскиот информационен систем за казнена евиденција.

Предлогот веројатно ќе наиде на силни негодувања, особено во Германија, која одамна има воспоставена култура на високо ценење на приватноста и заштита на личните податоци.

- Реклама -