Зошто авиокомпаниите никогаш нема да стават седишта свртени наназад, иако се побезбедни?

Иако експертите тврдат дека седиштата свртени наназад би биле побезбедни за патниците во авионот во случај на пад, повеќето авиокомпании веројатно никогаш нема да воведат такво нешто, барем не на своја иницијатива.

Зошто?

„Спроведени се многу истражувања и докажано е дека седиштата свртени наназад се многу побезбедни од оние класичните свртени нанапред. Меѓутоа, трошоците за авиокомпаниите би биле превисоки.

При „ударите“ (дури и при контакт со пистата при слетување, на пример), обратните седишта би трпеле поголем „напор“, па поради тоа би морало да бидат и појачани, а заедно со нив и подот на авионот, и опремата. Тоа автоматски би ја зголемило тежината на авионот, а тоа би ја зголемило потрошувачката на гориво“, објаснува поранешен пилот за Кралските воздухопловни сили Дејвид Лирмонт за FlightGlobal.

Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)

„Од аспект на безбедноста, тоа делува како многу атрактивна идеја, но можете ли да замислите нискобуџетни авиокомпании тоа да го прифатат?

Исто така, луѓето тоа не би го прифатиле. British European Airways порано имаше некои авиони со седишта свртени наназад. Луѓето се караа и настојуваа да ги добијат оние ‘обичните’. Исто е и во возовите“, вели Лирмонт.

За волја на вистината, моментално постојат пар авиокомпании кои во своите авиони имаат седишта свртени на двете страни, но не поради безбедност, туку поради заштеда на простор. Сепак, овие „обратните“ седишта ќе ги најдете само во прва класа или во приватните авиони.

Докажано е дека седиштата свртени наназад обезбедуваат подобра потпора за главата, вратот и ‘рбетот во случај на удар, пишува The Telegraph.

- Реклама -