Полета и американскиот авион познат како „Судниот ден“

Американскиот авион познат како „ноќен чувар“ се најде во воздух на небото над Индијана, пренесе CivMilAir на Твитер.

Се работи за авионот E-4B Nightwatch, многу попознат како „Судниот ден“. Тој прекар го добил зашто може да се искористи како команден штаб дури и во услови на нуклеарен судир, на пример ако копнените структури за контрола се уништени или оштетени.

Целата опрема инсталирана во авионот е заштитена од било какви штетни влијанија на евентуална нуклеарна експлозија со специјален надворешен оклоп. Авионот наводно може да издржи терористички напад, нуклеарен напад, па и удар на астероид.

Се работи за Boeing E-6 Mercury, кој располага со 67 антени, и може да пренесува екипаж од 112 членови. Од него може да се преземе командата над сите американски нуклеарни сили во случај да се покаже потреба.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Засега не се знае зошто е полетан.

 

- Реклама -