Реал Мадрид победи, Роналдо се посрамоти (видеа)

Реал Мадрид се враќа на старите навики откако вечерва славеше со 0:2 на гостувањето против Рајо Ваљекано на последниот натпревар од викенд колото во Примера кој беше одложен поради „диверзијата“ на стадионот на Рајо.

„Кралевите“ уште во 13. минута ја најавија интенцијата за победа преку погодокот на Карим Бензема, а во 70. минута од средбата Кристијано Роналдо од пенал го постави конечниот резултат.

{youtube}W9cNVt-oJTM{/youtube}

Интересно за одбележување од натпреварот е и неверојатното промашување на Кристијано Роналдо во 75. минута, кога не успеа да реализира од идеална позиција, осамен пред празната мрежа на противникот и го погоди само дирекот.

{youtube}YXbHlv2BqOo{/youtube}

- Реклама -