Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нема да го спаси еврото – тој експеримент треба да заврши, вели германскиот економист Марк Фридрих.
Тој ги критикува ставовите на директорката на ММФ – Кристин Лагард, која предлага создавање на специјален фонд за во случај на криза во еврозоната.
Ако дојде до создавање на таков фонд, Германија ќе треба да уплаќа по 11 милијарди годишно.
Фридрих тврди дека Лагард и нејзиниот земјак – францускиот претседател Емануел Макрон, имаат за главна цел да ја спасат ЕУ и еврозоната.
„Нив не би им пречело Германија да стане ‘шампион во давање’. Тие очајнички се трудат еврото да опстане, но тоа е само уште еден чекор кон диктатура на ЕУ. Се надевам дека германските политичари ќе се спротивстават на оваа идеја, бидејќи еврото и онака веќе одамна не може да се спаси“, критикува Фридрих.
Според планот на Лагард, секоја држава годишно во „фондот за спас“ би требало да уплаќа по 0.35% од својот БДП. За Германија тоа значи 11.4 милијарди евра.
Меѓутоа Фридрих потсетува за Sputnik дека еврото е преслабо за Германија, а пресилно за државите во еврозоната во јужна Европа.
„По воведувањето на европскиот систем за заштита на вложувањето, граѓаните ќе мораат да ги повлечат своите пари од сметките. И тогаш само чекор ќе нé дели од пропаст на некои слаби шпански или италијански банки. Тогаш некој друг ќе мора да ги плати туѓите долгови, а тоа, најверојатно, ќе бидат Германците“, заклучува економистот.
Фридрих истакнува и дека сегашната политика на ЕУ „води кон голема диктатура: заеднички министер за финансии, еден буџет, заедничка војска… Ова што тие го прават е воведување на некаква ‘супердржава’ на мала врата. И сé тоа е крајно нелегитимно“.