Се земале 50 години откако се развеле

Примерот на 83-годишниот Харолд Холанд и 78-годишната Лилијан Барнс уште еднаш покажува дека луѓето се комплицирани суштества, и дека (поради тоа) љубовта знае и да заврти цел круг, што би се рекло.

Како што пренесува Lexington Herald Leader, парот од Кентаки се сретнал во ресторан, и се венчале во 1955 година. Им се родиле 5 деца, а потоа во 1967 година се разведуваат.

Холанд вели дека причина за разделбата била неговата работа, која го држела подалеку од семејството. Тоа довело до распад на односите. „Вината беше 100% моја“, вели тој. Меѓутоа, ете, на стари години добива шанса да се поправи.

По официјалниот крај на нивниот брак, и двајцата си наоѓаат нови партнери. Меѓутоа, и двајцава нови сопружници починуваат во 2015-та, а Барнс и Холанд повторно остануваат сами.

По некое време двајцава повторно се сретнуваат, а во декември 2017-та парот одлучува да ги обнови заветите што ги дале пред половина век, и уште еднаш да го мине патот до олтарот.

Што ќе биде овојпат поразлично? Холанд вели: „Ќе правиме сé што сакаме да правиме, и кога сакаме да го правиме. Ќе ја одведам таму каде што сака да оди“.

Луѓе…

 

- Реклама -