Колку необразовани има во македонската администрација?

Според податоците од Регистарот за вработени во јавниот сектор во Македонија, кој го изготви Министерството за информатичко општество и администрација, во државната администрација работат вкупно 128.772 лица, во 1299 институции.

Најголемиот дел од нив имаат средно или високо образование, покажува извештајот, но воопшто не е мал ни бројот на тие со основно, но и без никакво образование.

Во Извештајот е направена анализа на структурата на податоци за 109.304 вработени во јавниот сектор, од кои 58.564 се жени, а 50.740 се мажи.

Според последните податоци, до крајот на 2017 година дури 495 вработени во државната администрација се без образование, 202 се полуквалификувани, 404 се квалификувани, а 10.570 се со основно образование.

38.045 се со средно образование, 547 се висококвалификувани, 5.707 се со вишо образование, 46.405 се со високо образование и 4.861 се магистри и 2.068 се доктори на науки.

Просечната старост на овие вработени изнесува 45.85 години; кај жените просекот е 45.14 години, додека кај мажите 46.67 години.

Што се однесува до етничката структура, 82.374 се Македонци, 21.112 се Албанци, 2.012 се Турци, 994 се Срби, 1.245 се Роми, 429 се Бошњаци, 408 се Власи, а 730
се други или не се изјасниле.

Извештајот обилува и со многу други податоци кои се добиени со вкрстување на податоците од претходно наведените категории. Ќе го најдете ТУКА.

- Реклама -