Нова такса за тие што летово ќе одат на море во Грција на краците

Туристите кои ова лето ќе одат на море на Халкидики, ќе ги дочека нова такса.

Поради големото загадување на првиот и вториот крак на Халкидики – Касандра односно Ситонија, во летните месеци ќе се плаќа и еколошка такса, пренесува порталот Grckainfo.

Наплатната рампа кај Неа Муданиа е веќе поставена, а во следните неколку дена ќе бидат поставени и другите, кои се лоцирани на останатите влезови во Ситонија.

Еколошките такси ќе се наплатуваат од 1 мај до 1 октомври, за возила и патници посебно. Цените изгледаат вака:

• за мотоцикли – 3 евра
• за патнички автомобили – 5 евра
• за автобуси – 10 евра
• за камиони – 12 евра

Освен овие, ќе се наплаќа и еколошка такса по лице, која изнесува 1 евро.

- Реклама -