Дајте му малку поинаков вкус на пилешкото. Ќе се воодушевите.
Состојки:
• 1 кг. батаци
• 2 чешнинња лук
• 4 лажици маслиново масло
• 1 лажица мед
• 1 лажица чили пиперка
• 2 лажички сол
Подготовка:
Исецкајте го лукот на ситни парчиња.
Помешајте го со маслиновото масло, чили и солта.
Прелејте преку батаците и оставете да отстои еден час.
Батаците извадете ги и пропржете ги додека не заруменат.
Во остатокот од маринадата додадете мед и промешајте.
Сипете врз батаците па печете во рерна, загреана на 200 степени, околу 20 минути.