Чиа пудинг со јагоди и праски се подготвува за 5 минути во 2 чекори и е одличен како појадок или меѓу оброк . Овој вкусен рецепт е засладен само со природните состојки и е здрав што на сите ќе ви се допадне како опција за десерт посебно во овој перод од годината.
Состојки
1 праска
5 средни во големина јагоди
малку гранола
1 шолја јогурт или млеко од бадеми
2 лажици јаворов сируп
малку ванила
1/3 шолја чиа семе
Чиа семето во посебен сад се меша со јаворовиот сируп, ванилата и јогуртот. Колку повеќе остојува (а може и преку ноќ да се остави) толку подобро.
Се реди прво ред сецкано овошје па смесата со чиа и праски и гранола на врвот.
Превкусно е испробајте го!