По 6 минути игра на американско тло Ибра даде еврогол, па гол за пресврт

Златан Ибрахимовиќ ни на сон не можеше да посака вакво деби во МЛС лигата за неговиот нов клуб Лос Анџелес Галакси за кој потпиша на 23 март.

Вечерва се играше дербито меѓу Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФЦ на кое гостите прокоцкаа предност од 0:3 која ја имаа до 48-та минута.

Себастијан Летгет и Крис Понтиус во 61-ва и 73-та минута ги вратија надежите барем за бод на овој натпревар, но кога го имаат Ибра кој им дојде на 36 години ништо не се знае до крај.

Влезе во 71-ва минута и по само 6 минути фудбал на американско тло постигна голчиште за 3:3.

- Реклама -